Еден од најимпресивните режисери на сите времиња, Клинт Иствуд, и понатаму со полна пареа снима филмови. И, тоа не само што снима филмови туку снима дела кои ќе се памтат со години
Клинт Иствуд во својата 88. година и понатаму не покажува знаци на старост, барем не онаа ментална. Наскоро доаѓа уште еден негов филм кој би можел да не воодушеви.
„Ворнер Брос“ го донесува првиот форшпан за „The 15:17 to Paris“, филм за тројца мажи кои ја игнорирале опасноста и онеспособиле терорист при неговиот обид да убие невини патници. А за да работата биде уште повозбудлива, станува збор за вистинска приказна, односно, вистински настан кои се одвивал во 2015. година во француски воз.
Иако самата приказна е малку „подобрена“ за потребите на филмот фактите не се менувани. Она што се прави поинтересно е фактот дека глумци се токму тројцата кои го нападнале терористот. Така во главните улоги ќе ги видиме Ентони Садлер, Алек Скарлатос и Спенсер Стоун.
Погледнете го првото видео:
Покрај главните глумци во споредните улоги ќе ги видиме Џени Фишер, Џуди Грир, Рај Корашани, Пја Бурн, Тони Хејли, Томас Ленон.
На Иствуд ова му е петти филм од 2010. година, кој се бави со вистински настан, а прв во кој глумат тројцата луѓе на кои сето тоа и’ им се случило.
Сценариото за „The 15:17 to Paris“ го напишала Дороти Блискал, а со продукцијата се нафатил и Клинт Иствуд покрај Тим Мур, Кристина Ровера и Џесика Меир.
„Ворнер Брос“ во кината филмот го носи во почетокот на февруари наредната година.