(ФОТО) Роналдо и Џорџина очекуваат близнаци – „Полни сме со љубов. Едвај чекаме да ве запознаеме!“

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата избраничка Георгина Родригез очекуваат  близнаци.
„Мундо Депортиво“ објави дека по Алана Мартина, родена 2017 година, Роналдо и Џорџина  ќе добијат ново засилување.
Кристијано и Џорџина на нивните профили на Инстаграм објавиле иста фотографија со текст дека очекуваат близнаци – „Нашите срца се полни со љубов. Едвај чекаме да ве запознаеме!“.
Двајцата се запознаа во 2016. година, а во тоа време Роналдо веќе го имаше синот Кристијано Јуниор, а пред првото дете со Џорџина ги доби и близнаците Ева и Матео.


View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)


Очигледно новите деца на Роналдо ќе се родат во Манчестер, откако Португалецот се пресели таму по три години минати во торински Јувентус.
Да потсетиме, Кристијано својот најстар, дванаесетгодишен син го доби од врска со засега неидентификувана девојка (за која се тврдеше дека се откажала од своите права за одреден износ – а имаше и коментари дека го родила сурогат мајка), додека Ева и Матео се родени како плод на сурогат мајка.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …