СУДСКИ ПРОЦЕС КАКО ТЕЛЕНОВЕЛА: Бред Пит повторно поразен во борбата за старателство

Врховниот суд на Калифорнија ја одбил жалбата на Бред Пит во врска со старателството над децата со Анџелина Џоли. Имено, претходно била поништена пресудата со која тој можел да поминува повеќе време со нив.
Портпаролот на Пит за магазинот „People“ изјавил дека оваа одлука не ги менува доказите, односно заклучоците на бројните експерти кои се воделе исклучиво од она што е во интерес на децата.
„Ќе направиме се што е законски неопходно врз основа на детални анализи на независни експерти“, додал тој.
Адвокатот на Анџелина Џоли изјавил дека актерката ја поздравила одлуката.


„Џоли е фокусирана на своето семејство и ѝ е мило што благосостојбата на нејзините деца нема да биде засегната од неетичкото однесување“, рекол тој.
Судијата Џон Одеркирк, кој претходно му дозволувал на Пит да поминува повеќе време со децата, бил избркан во јули оваа година поради „необјавување на задолжителни податоци“ на правниот совет на Пит.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …