Три работи што мажот СЕКОГАШ ги памети кај жената што ја САКАЛ

Овие работи оставаат трага во неговото срце засекогаш.
Иако мислите дека изгледот или мирисот е она што мажите секогаш го паметат кај жените што ги сакале, се лажете.
Психолозите дошле до заклучок дека мажот најпрво ги забележува следните три особини кај жената која го привлекува неговото внимание и која одбележала период од неговиот живот, кој најдолго го памети:

Оптимизам
Жените оптимисти се исклучително привлечни за мажите бидејќи зрачат со посебна енергија, бидејќи секој сака да биде во добро и позитивно друштво. Оптимизмот кај жената е она што често ги привлекува мажите и остава длабока трага.
Позитивното расположение е една од најатрактивните карактеристики кај двата пола.


Самодоверба
Докажано е дека жените кои веруваат во себе се попривлечни дури и од најголемите убавици. Самодовербата отвора врати на многу полиња во животот, но и во љубовта. Непобедливата доверба на жената во сопствената привлечност се пренесува на потсвесно ниво на мажот, па таквата жена долго се памети.

Смеа
Смеата што доаѓа од срце, како и добрината никогаш нема да престанат да бидат привлечни. Кога мажот ќе најде насмевка во морето од мрачни лица, насмевка ќе се појави и на неговото лице. Затоа жените со искрена насмевка остануваат долго во сеќавањето.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот истакнат актер Диме Илиев

Диме Илиев е роден на 19 септември 1952 година во Кавадарци. Тој е познат македонски …