(ФОТО) Прикриена вистина: Глумицата дознала дека сопругот и е геј кога го затекнала во кревет со татко и’

“Драга, ти го сакаш, јас го сакам. Не гледам во што е проблемот”
За жените во брак најлошото сценарио е доколку мажот ги изневери. Но, некои славни жени морале да се соочат со уште поголем срам. Односно, нивните сопрузи ги изневериле со други мажи, и тоа пред целиот свет.
Овие познати жени морале да се соочат со таков вид на изневерување и да сведочат пред целиот свет колку им било тешко. Исповедта на Ванеса Редгрејв е една од најсилните и најневеројатните животни приказни. Таа се соочила со предизвикот што нејзиниот сопруг е геј, но во нејзиниот случај работите испаднале уште полоши.

Имено, сопругот Тони Ричардсон, со кого имала исклучително интензивна и сексуална врска, го затекнала во кревет со нејзиниот татко, глумецот Мајкл Редгрејв. Во моментот кога Ванеса дознала дека нејзиниот сопруг и нејзиниот татко се љубовници, Мајкл и’ рекол:
“Драга, ти го сакаш, јас го сакам. Не гледам во што е проблемот”.Сега, глумицата е среќно омажена за италијанскиот глумец Франк Нера со кого има син, Карл Габриел Нера.


Помеѓу низата на славни жени кои се соочиле со овој проблем била и Кери Фишер, која поминала четири години со Брајан Лурд, а тој ја напуштил поради друг маж. Крис Џенер беше во брак со олимпиецот Брус Џенер, кој после разводот во 2015. година се трансформира во жена, Кејтлин Џенер. Ребека де Алба била 14 години во врска со пејачот Рики Мартин, кој во 2010 година и’ признал дека е геј.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …