(ФОТО) Овие глумци ќе ги отелотворат Меган и принцот: Негодување на фановите!

Романтична биографија – Снимањето ќе започне оваа недела во Лос Ангелес и Ванкувер, а крајот се очекува пред кралската венчавка на 19. мај…


Продуцентите ја завршиле потрагата, за како што велат „совршени“ глумци кои ќе го отелотворат парот во романтичниот филм „Хари и Меган: Кралска романса“ на каналот Lifetime. Принцот Хари (33) ќе го игра британскиот глумец Мареј Фрејзер (26) додека во улогата на Меган Маркле (36) ќе се појави Патриша Фриц-Хенли (41).

Мислењата на јавноста се поделени, бидејќи додека едни се воодушевени со сличноста на глумците, други тврдат дека продуцентите требало да изберат имиња кои се попознати на широката јавност.


„Многу сум среќна што на овој проект ќе можам да работам со Мареј“ истакнала Фриц – Хенли. Актерската двојка, која баш и не и е позната на јавноста, со снимање почнува оваа недела во Лос Ангелес и Ванкувер, а крајот се очекува оваа пролет, наводно пред венчавката на кралскиот пар на 19. мај.
Дејствието ќе го опфати животот на принцот и глумицата пред да се запознаат, нивната љубов на прв поглед – кога се запознале преку заеднички пријатели, нивната тајна романса пред да и објават на јавноста како и нивната свршувачка.
Фриц-Хенли досега глумела во сериите „Џесика Џонс“, „Лук Кејџ“ и „Миднајт Тексас“. Нејзиниот колега Фрејзер исто така, главно, имал ангажмани на телевизија. Одиграл улоги во сериите „Викторија“ и „The Loch. Филмот ќе го режира Менхај Худа кој работел на серијата „Кралско семејство“ заснована на фикција.

Продуцентите откриле и’ дека принцот Вилијам (35) ќе го глуми Нико Еверс-Свиндел (39) а вовотката Кејт Мидлтон (36) ќе ја толкува Камила Лудингтон (34) позната по серијата „Вовед во анатомија“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …