(ВИДЕО+ФОТО) Ова се 30. филмови со „најжешки“ сцени на секс во историјата

Февруари е месец на љубовта, вистинско време со партнерот или партнерката да се вовлечете под ќебенце и изгледате некој филм. Ако се надевате на некоја акциичка после филмот пожелно би било атмосферата да ја загреат некои секси сцени на малиот екран.
Esquire донесува лист на 30. филмови кои содржат токму такви сцени а на вас е да изберете само еден. Или повеќе, ако сте одлучиле дека ова ќе биде месец на филм и љубов.

1. Crazy Stupid Love
Да, мислиме на сцената со подигнување од „Валкан танц“. Кој би го заборавил Рајан Гослинг без кошула?


2. Троја
Голи, намачкани со масло, бронзениот Бред Пит. Треба ли да се каже повеќе?

3. Убава жена
Шест зборови: Секс на клавир со Ричард Гир.


4. In the Cut
Иако Марк Руфило со своите мустаќи не е згоден како првите тројца од листата, сцената на орален секс со Мег Рајан овој филм го вбројува меѓу најсекси филмови.

5. Малечки деца
Кејт Винслет и Патрик Вилсон снимиле доста жешка сцена во перална.


6.Страв
Секс на вртелешка помеѓу Марки Марк и Рис Витерспун е сцената кој го одбележала овој филм.

7. Свирепи намери

Рис Витерспун е повторно на ова листа, овојпат со сцена на губење на невиност во свирепи намери. Со оглед на тоа дека таа и Рајан Филип биле пар и во стварниот живот, добар дел од хемијата пренеле и на снимањето.

8. Самрак

Можете да го мразите и да мислите дека е очаен, но овој филм има доста жешки сцени. Само земете предвид дека на авторката на „50 нијанси сива“ на тоа литературно дело ја поттикнала сцената на секс на Бела и Едвард во „Самрак“.

9. Mulholland Drive

Лезбејската сцена на Наоми Ватс и Лора Херинг е една од највпечатливите во историјата на филмот.

10. Дивјаци
Блејк Лавли и Тим Ригинс не се воздржувале за време на сцената на секс.

11. Јас сум љубов
Тилда Свинтон добар дел од филмот минува во хоризонтална положба со згодниот Италијанец.

12. The Notebook
Повторно Рајан Гослинг, а иако овој филм влегол во антологијата како еден од најромантичните, љубителите на жешките сцени ќе бидат задоволни со онаа на дожд.

13. Девет и пол недели
Иако Мики Рурк денес не зазема место на листите на најсекси глумци, после овој филм немало жена која барем еднаш не го посакала покрај себе. Мики бил Кристијан Греј пред било кој да знае за Кристијан Греј, а сцената со коцката лед била антологиска.

14. Рискантна работа

Додека свири „In the Air Tonight” на Фил Колинс, Том Круз ја турка раката под здолништето на Ребека ДеМорни. Тоа е почеток на жешка сцена во празен воз.

15. Топ Ган
Уште еден жежок класик на Том Круз. Овој пат од другата страна е Кели МекГилис.

16. Дух
И Свејзи добил свое место на оваа листа овојпат во култната сцена со глината.

17. Засекогаш твој
Зак Ефрон и Тејлор Шилинг се среќаваат под туш на отворено.

18. Љубовник
Иако филмот е лоша адаптација на книгата на Л’Амант Маргарет Дурас, сцените на секс се доста жешки.

19. Завршен удар
Џонатан Рус Маерс и Скарлет Јохансон во филмот не се баш најнормални, а таков е и нивниот секс после што станот станува демолиран.

20. Покајување
Иако филмот сите го памтат по еден фустан, многу подобра е сцената во која Кајра Кнајтли и Џејмс МекАвој не носат ништо.

21. Неверна
Оливер Мартинез и Дијана Лејн подготвиле низа секси сцени, од секс во јавно ВеЦе до веќе култната сцена во која тој и ги соблекува гаќичките.

22. Титаник
Една од сцените кои можат да се вбројат во категоријата на „камилица“, но отисокот на раката на Кејт на замагленото стакло ретки го заборавиле.

23. Историја на насилството
Виго Мортенсен и Марија Бело снимила една од најжешките сцени на секс на филм.

24. Црн лебед

Две преубави глумици, Мила Кунис и Натали Портман и една сцена на лезбејски секс, толку жешка како да е измислена.

25. Y Tu Mama También
Гаел Гарсиа Бернал не се воздржувал во сцените на секс кои неговиот лик ги доживува за време на патувањето.

26. Љубов и останати дроги
Задникот на Џејк Гиленхал и градите на Ен Хатавеј би требало да ве привлече да ја погледнете оваа сцена.

27. Очи ширум затворени
Тешко е да се избере само една сцена.

28. 40 дена и 40 ноќи
Филм за избегнување на сексот изнедрил доста жешки сцени на секс.

29. Телесна страст
Класик од 1981. година донесува сцена на жежок секс на Кетлин Тарнер и Вилијам Харт.

30. Something New
Сајмон Бекер и Шана Лејтан се свртуваат на тантрички секс по цела куќа, со свеќи и масла за масажа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …