(ВИДЕО) Тешко е да се гледа: Меланија јавно го понижува Доналд Трамп

Епизодите во кои Доналд Трамп се обидува да покаже нежност кон својата сопруга Меланија, а таа грубо го одбива се се’ почести. Пред неколку дена за време на слетувањето на Флорида „го откачила“ сопругот, а сега истото го повторила и при нивната посета на американската сојузна држава Охајо.

Додека фотографите довикувале да запрат за да ги фотографираат Доналд се обидел да ја фати сопругата за рака. Таа прво минала покрај него, застанала, а кога го заобиколила било очигледно дека нема ништо од држењето за раце.


Со оглед на тоа дека сеуште се зборува за наводната афера на Трамп со порно глумицата Сторми Даниелс, „екипа“ на социјалните мрежи е убедена дека Меланија сеуште се лути. Имено, првиот доказ за тоа виделе во тоа што не сакала со сопругот да оди во швајцарски Давос, потоа се случила епизодата на Флорида а сега и ова. Со оглед на шушкањата дека бракот веќе долго им е во криза, ова само долило масло на огинот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …