(ФОТО) Повторно среќна – Го преболела Хит Леџер и пронашла нова „вистинска“ љубов: Глумицата добила дете со новиот партнер!

Пред неколку месеци, холивудската актерка откри дека ја пронашла вистинската љубов што ја барала уште од нејзината врска со трагично починатиот актер Хит Леџер.
Имено, Мишел Вилијамс (39) и нејзиниот партнер Томас Кајл (42) добиле дете, а ова е второ за актерката, бидејќи има ќерка од врската со Леџер.


Како млада актерка, Вилијамс стана позната по својот ангажман во популарната серија „Dawson’s Creek“, а потоа таа одигра неколку одлични улоги во филмовите „Manchester by The Sea”, „Blue Valentine”, „My Week With Marilyn”, како и „Brokeback Mountain” во кој глумела со починатиот Хит Леџер, со кого ја има и 14-годишната ќерка, Матилда.



Таа досега беше четири пати номинирана за Оскар, но никогаш не ја освои престижната награда на Американската филмска академија. Сепак, таа освои два Златни глобуси, и ја искористи таа можност да зборува за односот кон жените во Холивуд, пренесува „Харперс базар“.


Вилијамс после врската со Хит Леџерт кој починал во 2008. година од предозирање била во брак со музичарот Фил Елвер (42), од кого се развела минатата година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на првиот роман на Румена Бужаровска – „Тони“

Првиот роман на современата македонска писателка Румена Бужаровска ќе ве удри од земја и ќе …