????????????????????????????????????

(ФОТО) Посна кикирики салата


Потребно е:
300 г грашок
300 г варена пченка
50 г печени солени кикирики
1 фиџан, од кафе, ориз
200 г посен мајонез
2 црвени, кисели, пиперки (може и свежи)
сол, црн пипер
Подготовка:оризот сварете го во два филџани вода. После 10. минути оризот тргнете го од ринглата и оставете на страна да се излади.
Грашокот и пченката обарете ги (ако не се од конзерва) а кикириките и пиперките ситно исечкајте ги. Додајте ги исцедениот и изладен ориз, мајонез, се измешајте и зачинете по вкус со сол и црн пипер. Се’ измешајте.
Внимавајте, кикириките се веќе солени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Искористете ги јајцата што останале од Велигден, додадете грашок и направете ја најдобрата салата

Најдобрата салата можете да ја направите од јајцата кои ви останале од Велигден, со додавање …