Потребно е:
350 мл вода
150 г маргарин
50 г чоколадо
4 лажици какао
100 г суво грозје
2 лажици рум
100 г желе бомбони
450 г посни бисквити
3 банани
2 – 3 лажици сок од лимон
кокосово брашно
Подготовка:бисквитите искршете ги, желе бомбоните исечете ги на коцки, сувото грозје измијте го во вода, накапете со рум.
Во соодветен сад ставете вода, маргарин, чоколадо – загревајте да се истопи. Додајте какао, мешајте да се изедначат состојките. Тргнете од ринглата и додајте суво грозје, бисквити, а на крај и желе бонбони. Се’ убаво измешате да се соедини.
На фолија наросете кокосово брашно, ставете ја смесата и распоредете по должина да биде 40. см. По должина ставете ги излупените банани (претходно накапени со сок од лимон) и со помош на фолијата завиткајте во ролат и оставете да се стегне.
Ладната салама сечете ја на кришки и послужете.
(ФОТО) Посен ролат со бисквити и банани
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
ekran платформа за слободоумни