(ФОТО) ПОРАКА НАПИШАНА СО РАКА -„Скромното“ запросување на американска водителка е предмет на дискусии на интернет, многумина не се воодушевени

Американската новинарка Ерика Марфи го сподели начинот на кој нејзиниот партнер ја запросил, а бидејќи изгледало „скромно“ набрзо станало предмет на дискусија на социјалните мрежи.
Марфи возбудена споделила фотографија од нејзиниот блескав дијамантски прстен заедно со рачно напишана порака на која пишувало: „Ќе се омажиш ли за мене?“, на парче хартија.
„Значи, беше одлична година со мојот дечко. Ова утро пред да заминам на работа ми го остави ова во бањата да го најдам. Реков да”, напишала возбудено таа.
Марфи, репортер на 11Alive во Атланта, објаснила дека го нашла прстенот кога се разбудила наутро.


Иако била воодушевена од начинот на кој нејзиниот партнер ја запросил, корисниците на социјалните мрежи не биле толку сигурни. Реакцијата била толку силна што стигнала дури и на веб-страницата The Shade Room – каде што прашале дали би биле задоволни со такво запросување.
„Хм… парче хартија? Така искинато“, гласел еден од скептичните коментари.

„Не можел ли барем да скине цел лист хартија?“, прашал друг коментатор, додека многумина ваквиот начин на предлагање го нарекле „страшен“.
Имало и такви кои сметале дека запросувањето е сосема во ред, посочувајќи дека има луѓе кои не сакаат екстравагантни опции. Нагласиле и дека најважно е што девојката се согласила, а начинот на запросување е прашање на вкус.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичка вечер со Duo Bright во Градот на културата-Крива Паланка

На програмата на Кривопаланечко културно лето и на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата”, вечерва е …