КОНСУМИРАЈТЕ ГО НАУТРО – Овој пијалок ќе ви помогне да ги намалите мастите од стомакот

Отстранувањето на масните наслаги од стомакот може да биде многу напорно, па не е лошо да знаете неколку трикови со кои побрзо ќе ги отстраните масните наслаги, но и ќе го детоксирате телото и ќе го забрзате метаболизмот.
Овој напиток за отстранување на масните наслаги стана тренд на социјалните мрежи поради едноставното подготвување, но и неговата ефикасност.
Состојките за пијалокот се:
300 милилитри вода
една лажица мед
сок од еден лимон
рамна лажица чиа семе
Подготовка:
За почеток, чиа семето ставете го во вода и оставете го да набабри барем еден час. Можете да го ставите и претходната вечер и да го оставите во фрижидер. Потоа ставете сок од еден лимон и една лажица мед.
Овој напиток можете да го додадете во блендер за да добиете мазна текстура, но најдобро е да го консумирате со цели чиа семе. За да делува што е можно побрзо, се препорачува да се пие наутро на празен стомак.
Сите овие состојки се одлични за здравјето на дигестивниот систем. Чиа семките се полни со влакна, поради што ја подобруваат функцијата на цревата, а лимонот е познат како ефикасно средство за детоксикација на телото, како и за здравјето на кожата.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ достојно го претставија македонското карате во Анталија

Членовите на скопскиот клуб „Макпетрол“, Петар Заборски и Петар Спасеновски, остварија солидни резултати на неодамнешниот …