(ФОТО) ПОЧИНАЛ НАЈСТАРИОТ МАЖ НА СВЕТОТ (116.):Шпанскиот грип му го „избришало“ целото семејсто, ги преживеал апартхејдот и двете светски војни

Фреди Блом од Јужноафриканска република, за кој се веруваше дека е најстариот човек на светот, починал денес на 116. годишна возраст.


Документите на Блом покажуваат дека тој е роден во провинцијата Источен Кејп во мај 1904. година, но Гинисовата книга на рекорди никогаш не го означила како најстар човек на светот.
Кога бил тинејџер, целото негово семејство починало како резултат на пандемијата на шпански грип во 1918 година.


Преживеал две светски војни и Апартхејдот.
Семејството на Блом изјавило дека тој починал во природна смрт.
Портпарол на семејството рекло дека тие не веруваат дека неговата смрт е поврзана со вирусот корона.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …