Меган Маркл веќе некое време се крие од јавноста, бидејќи веќе не е официјално член на британското кралско семејство. Сепак, сè уште се зборува за нејзините модни комбинации со кои таа кршела строги норми. Меѓу нив е една „непослушна“ блуза која сега е вистински моден тренд.
Со сопругот Хари и синот Арчи, Меган го замени животот под лупата на јавноста со многу помирен во САД.
Претходно, за само две години, таа стана една од најпопуларните жени во светот. Таа привлекуваше внимание на секој чекор, особено со нејзините комбинации на облека, кои многу внимателно без анализирани и често на удар на критиката.
Што и да носеше, не можеше да ги задоволи најголемите критичари кои би пронашле вина за секое нејзино модно издание. Една од нив беше комбинацијата што ја носеше во 2019. година во Кејптаун, Јужна Африка, при што одаде почест на убиената 19-годишна студентка.
Меган приватно го посетила местото каде жителите на тој град врзале панделки во спомен на девојката, а фотографијата од војвотката потоа била објавена на тогашниот официјален профил на Сасекс на Инстаграм.
(ФОТО) Немирната блузичка на Меган Маркл станала летен хит
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.