(ФОТО) Пет едноставни сендвичи, направени дома, кои ќе ви отворат апетит!

Сендвичите се совршено јадење. Така едноставен концепт, а толку широк поим што нема лице на светот кое не сака барем еден вид сендвич.
И’ ние ги сакаме. Откријте нови рецепти, секако и испробајте ги, пробајте ги резултатите. Затоа одлучивме да земеме два вида салами кои скоро секој ги користи во своите сендвичи и и направивме мало свртување во класичните сендвичи.
Ова се резултатите:


Чиабата со туна
Состојки:
чиабата со семки од тиква (може и обична)
конзерва туна (по можност во маслиново масло)
4,5 шери домати
рукола, количество по желба
2 лажици капари
сол, црн пипер
2 јајца


Подготовка:сварете ги јајцата и оставете да се изладат. Исечете ја чиабатата и ставете парчиња туна како база. На тоа додајте ги капарите, руколата и исечените домати. Кога јајцата ќе се изладат излупете ги и исечете на рамни кришки и додајте во сендвичот.


Пинк песто падана
Состојки:
100 г посебна/шунка салама
малку сол и црн пипер
4 кришки бел леб
2 лажици песто
2 кришки домати
20 г рендано жолто сирење Грана Падано
неколку капки маслиново масло
4-5 шери домати
Подготовка:лебот исечете го на тенки кришки. Сендвичот почнете да го подготвувате така што на дното намачкајте со малку песто. По него распоредете кришки шунка.Потоа додајте две кришки домати, малку сол и малку црн пипер.За да сендвичот биде посочен, додајте го остатокот на пестото и малку рузмарин. За крај ставете уште шери домати и се’ наросете со рендано сирење Грано Падано.

Кроки монсиер
Состојки:
100 г шунка салама
100 г гауда
20 г бешамел сос
20 г рендано сирење, по желба
10 г путер
4 кришки за тост

Подготовка:тостирајте го лебот, намалкајте со слој путер, ставете шунка и сирење како фил, преклопете со другата кришка леб и така два пати. За крај полијте со бешамел сосот и рендано сирење и ставете во рерна на неколку минути на 180 степени.

Хани Парис багет
Состојки:
половина багет
100 г париска салама
200 г моцарела
4 – 6 листови зелена салата
3 – 4 кришки домати
половина авокадо
Сос:
3/4 лажица мајонез
1 лажица сенф
3 лажици мед
2 лажици сок од лимон
сол и црн пипер

Подготовка: исечете го багетот и намачкајте со намаз од авокадо. Потоа наредете ги останатите состојки почнувајќи од салама, па салата, моцарела и кришки домати. Потоа направете го сосот така што убаво ќе ги измешате сите состојки и ставете на сендвичот.

Полнозрнат леб со Бри
Состојки:
2 кришки леб од цели зрна
100 г париска салама
4 кришки сирење Бри
рукола, количество по желба
крем сирење за мачкање
4,5 маслинки
црвена пиперка

Подготовка: исечете две кришки леб од цели зрна и намачкајте ги со крем сирењето. Наредете салама, потоа рукола. Над руколата ставете сирење Бри – така што руколата нема да ви испадне од сендвичот. потоа исечете маслинки и наредете ги, како и свежа црвена пиперка на ленти и како последна додајте на сендвичот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …