(ФОТО) ОВА НЕ МУ ТРЕБАЛО – БИВШИОТ ЈА ОСТАВИЛ ВО ТВ ПРОГРАМА ВО ЖИВО! Актерката со години го криела таткото на детето, па свртела страница: НЕ МОРА ДА ГО ШТИТАМ ПОВЕЌЕ!

Холивудската актерка Мини Драјвер денеска го слави својот 53 роденден, а пред години изгради успешна кариера, но и интересна актерска приказна. Убавата Мини глумеше во филмските хитови „Big Night“, „The Mercenaries“ и „Good Will Hunting“.
Улогата во драмата „Добриот Вил Хантинг“ од 1997 година и донесе врска со популарен колега, поради што со години се шушкаше во сите медиуми. Мини на сетот го запознала Мет Дејмон (52), кој заедно со Бен Афлек го напишале сценариото за филмот кој доби Оскар.

View this post on Instagram

A post shared by Min. (@driverminnie)


Љубов на сетот
Мет и Мини се заљубиле на снимањето, а нивната повеќемесечна врска завршила пред очите на медиумите. Минатата година, Драјвер зборуваше за тоа во нејзините мемоари „Управување со очекувањата: Мемоари во есеи“.
– Знам дека Мет не ја стави таа слика таму. Толку е незгодно затоа што не беше намерно, тој не можеше да помогне колку стана познат и како му беше преземен животот, исто како и мојот – напишала таа за таблоидот кој известувал за нивното раскинување.


View this post on Instagram

A post shared by Min. (@driverminnie)


Раскинување на ТВ
Никој не очекувал дека парот ќе раскине бидејќи Дејмон претходно изјавил дека „Мини го потресла неговиот свет и го променила“.
Дејмон објави дека е сингл во живо во шоуто на Опра Винфри, што беше новост за самата Мини во тоа време. Актерот ја изневери Драјвер кога на телевизија објави дека раскинале, без претходен договор со неа.
Коментирајќи ја јавната природа на нивното раскинување, Драјвер рекла:
– Тажно е што Мет птиде во шоуто. Изгледаше како добар начин да му соопшти на светот дека повеќе не сме заедно, што мислев дека е сосема несоодветно“, изјавила Мини.
Таа подоцна открила дека тоа не го направил со лоша намера, но веруваме дека никогаш нема да му прости за таквиот потег.

This image has an empty alt attribute; its file name is met-dejmon.jpg

– Не ми е гајле кој си, тоа е агонија и сето тоа е многу чудно, како надреален сон. Тоа е толку незгодно, бидејќи тоа не беше направено со лоша намера, тој не можеше да го направи тоа на друг начин. Тој стана толку голема ѕвезда, премногу зафатен и славен, а неговиот живот се вртеше со огромна брзина, што не беше случај со мојата кариера, па тој не можеше да прави некои работи како што јас би ги направила – изјавила актерката.

Добила син
Инаку, актерката претходно беше свршена со својот колега Џош Бролин, а ги сакаше и Џон Кјузак, Харисон Форд и Рајан Кавано.
Актерката ја доживеала најубавата улога во животот, иако докторот на 18 години и рекол дека нема да може да има деца поради неплодност. Поради ова, таа била убедена дека има грип, а медицинската сестра ја убедила да направи тест за бременост. Во септември 2008 година го родила синот Хенри, но извесно време криела кој е неговиот татко.

View this post on Instagram

A post shared by Min. (@driverminnie)

-Тој е татко на мојот син, па логично е дека ќе биде тука за него. Не сум мажена и не знам дали ќе останам со овој човек. Одлично е да се биде независен, бракот повеќе не е неопходен за да се подигне дете и да се подигне семејство. Некогаш, една жена што се однесуваше како мене ќе беше исфрлена од општеството. Мислам дека знам како се чувствуваа тогаш. Мајка ми и тетка ми ќе бидат со мене, исто како и моите најдобри другарки и не се плашам – изјавила Мини по раѓањето на синот.
Неколку години подоцна, актерката открила кој е татко на нејзиниот син, станувало збор за продуцентот и сценарист Тимоти Џеј Лео (62). Неговиот идентитет го чувала во тајност бидејќи ја почитувала неговата приватност.
-Не мора повеќе да го штитам. Може сам да се снајде. Тој е возрасен“, изјавила Драјвер, која е во врска со режисерот Едисон О’Ди (43) од 2019 година. Како што пренесуваат странските медиуми, парот е свршен.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …