Тед Гондер (29) е татко на три деца. На 24-годишна возраст, тој никогаш не сонувал да основа семејство од три деца со сопругата Френсис, и научил многу во сето ова.
Со искрена објава, тој открил што би му порачал на својот помлад себе. Ова е всушност порака до сите татковци за тоа како да се однесуваат со партнерката од позитивен тест за бременост, па дури и подоцна, кога ќе пристигне бебето.
“Жената има бебе во стомакот цели девет месеци. Затоа вие ја носите на стомак девет месеци кога и да имате можност. Не само што ќе и помогнете да се опорави, туку и ќе се поврзете со вашето бебе, како што не можете ни да замислите”, напиша Тед
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157118958601201&set=a.10150696851306201&type=3
“Жeните дојат и тоа е прекрасно и ги исполнува, но исто така и ги исцрпува. Затоа, променете ја секоја пелена што можете. Од првата па понатаму. Брзо ќе заборавите дека тоа е одвратно и вашата сопруга нема да може да се жали дека сте далеку и не ја поддржувате“, додал тој.
Потоа, тој рекол наутро да ги дочекате вашите партнерки со чаша бескофеинско кафе.
„Таа беше будна цела ноќ и го храни своето бебе и тоа ќе и помогне да го започне денот“, рекол тој.
Покрај тоа, наведува дека е важно на подобрата половина да и се каже дека е убава затоа што жените се критични за своето тело по раѓањето и несигурни.
“Потсетете ја дека е суперхерој! Таа буквално ги преместила сите органи во неа, и таа доби 20 килограми за да го донесе детето на светот што е вашиот подарок. Помогнете и да ги надмине проблемите и да се фокусира на позитивни цели”, вели Гондер.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157087437351201&set=a.10150317509291201&type=3
Неговиот последен совет не е помалку важен од претходните четири.
„Хормоните лудуваат и пред и по породувањето. Понекогаш таа нема да биде сета своја и ќе каже работи што воопшто не би ги изговорила, доколку не биле под влијание на хормоните. Запомнете дека сега мора да бидете карпа. Таа анбргу ќе биде онаа старата и сигурно сакате да ви биде благодарна што сте јаки кога таа не е“, заклучил тој.
Неговата објава привлече голем број реакции, а на Тед му се заблагодариле и многу странци поради емотивната порака што ја пренел.
ekran платформа за слободоумни