(ВИДЕО) ИГРА НА СУДБИНАТА – ВЕЌЕ 33 ГОДИНИ Е ВО ЗАТВОР ПОРАДИ УБИСТВО НА СВОЕТО СЕМЕЈСТВО: Сега само еден телефонски повик може да го ослободи и открие вистината за овој случај!

Џереми Бамбер, еден од 38. Британци осудени на доживотен затвор поради убиство, никогаш не престанал да ја тврди својата невиност и да бара ново сослушување, кое сега може да биде одобрено после 33. години минати зад решетки.
Бамбер се одлучил на еден чуден потег. Сам спровел истрага за сопствениот случај, така што неговата ќелија е преплавена со кутии во кои има бројни документи, записи, изјави и фотографии, а меѓу нив е и доказ за телефонски повик за кој верува дека конечно ќе го ослободи.


Злосторството се случило во 1985. година. Испаничениот Бамбер ја повикал полицијата и им рекол дека неговиот татко го повикал затоа што неговата сестра Бамби „полудела и ја земала пушката“. Полицајците го сретнале Бамбер на патот кон дома и потоа заедно оделе до нејзиниот дом.

Таму ги пронашле изрешетаните тела на родителите на Бамбер, Невил и Џни, неговите внуци Николас и Даниел, како и неговата сестра, манекенката Шила, наречена Бамби, со Библија и пушка во нејзините раце. Мебелот бил испретуран како да се случила голема борба во куќата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичка вечер со Duo Bright во Градот на културата-Крива Паланка

На програмата на Кривопаланечко културно лето и на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата”, вечерва е …