(ВИДЕО+ФОТО) ТЕШКА СУДБИНА: Девојче родено со половина лице после 11. часовна операција конечно се смее!

Дарина Спренгер е родена со сериозна генетска мутација поради која немала усни ниту брада што и го отежнувало говорот но и хранењето.

Нејзината мајка Елена ја напуштила својата работа да се грижи за Дарина, а нејзиниот татко Јури се борел за можноста нивната ќерка да добие медицинска помош.


Откако е родена Дарина, ова семејство е третирано многу сурово, не само од странци, туку и од нејзиното семејство, кое целосно ги прекинало сите контакти со нив. Сестрата на Елена останала со нив.
Дарина дури не била примена ниту во градинка затоа што рекле дека другите деца ќе се исплашат од неа. Нејзините родители и купиле многу играчки, но како што вели нејзината мајка, „ништо не може да ги замени пријателите“.
Низ добро и лошо, родителите на Дарина останале со неа, воспитувајќи ја опкружена со љубов: „Не ја криеме од светот. Таа оди со нас насекаде. И мојот сопруг Јури ја носи насекаде. Луѓето ни рекоа да ставиме маска и тој им рече да не ја гледаат ако не сакаат,или да ја прифатат каква што е, како што ја прифативме ние“, вели Елена.
Фала му на Бога, работите се смениле на подобро. Откако приказната на Дарина излезе во јавноста, бил отворен фонд за собирање средства.


 


Собрани се доволно пари за Дарина и Елена да отпатуваат во Англија на специјална операција (прва од многуте) за да лицето на Дарина го добие она што никогаш го немала.
Минатата недела Дарина се вратила радосна во родната Русија. Кога ја видел, со голема прегратка, нејзиниот татко и рекол: „Убава си“.

„Види, таа научи да се смее“, извикнала Елена со солзи радост во очите.
Дарина сега е во нејзиниот дом, а семејството собира донации за нова операција за да и помогне на Дарина да добие подобра горна вилица и усна.
Им посакуваме се најдобро.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …