(ФОТО) Омилениот синоок глумец проговорил за периодот кога немал дом:„Сега конечно имам сопствен кревет!“

И’ додека денес има статус на еден од најзгодните и најуспешни холивудски глумци, Швеѓанинот Александер Скарсгард, отворено проговорил за времето кога скоро две години немал дом.
42. годишниот глумец во интервју за „Entertainment Weekly “ проговорил за животната ситуација во која се нашол.


„Живеев на локациите на снимање, влетував од еден во друг проект. Всушност, дури неодамна се вселив во стан во Њујорк, пред неколку месеци. Тоа беше првпат во две години да имам сопствен кревет“, открил Александер.


Скарсгард изминатите неколку години се вклучувал во возбудливи проекти благодарение на кои станал омилен меѓу режисерите, продуцентите и обожавателите. Најзабележителни улоги остварил во филмовите „Вкус на крвта“, „Легендата за Тарзан“ и во серијата „Малечки лаги“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …