(ФОТО Галерија) Конечно се снима: После неверојатната трансформација славниот глумец и со маска изгледа застрашувачки!

Хоакин Феникс вредно работи на снимањето на новиот „Џокер“.
Неверојатната трансформација на холивудскиот глумец Хоакин Феникс во филмскиот лик на Џокер ги воодушевила неговите обожаватели ширум светот, а глумецот е конечно снимен во комплетен костум на славниот злосторник.



Сликите настанале на филмскиот сет, за време на снимањето на потерата на Џокер „по улиците на Готам“, во која, како што се чини, ќе го удри такси
Облечен е во црвен костум, зелена кошула и жолт елек, додека на носот ја има карактеристичната шминка на кловновите.

Новиот филм за Џокер ќе ја раскаже оригиналната, досега невидена приказна за Џокер, а неговото снимање почнало во септември оваа година. Режисер е Тод Филипс познат и по комедиите „Old School” и „Hangover”. Филмот во кината треба да се најде во ноември наредната година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …