(ФОТО) Од обична вечера до пожар во кој ѝ ИЗГОРЕЛО ЦЕЛОТО ЛИЦЕ: Се плашела како ќе реагира нејзиното момче кога ќе ја види, сепак …

Морало да и се направи трансплантација на кожа, но и операција чија цел била да се исчисти слузта од нејзините бели дробови.
Рахмон имал изгореници на рацете, градите и грбот и бил на домашно лекување во Исланд. Солрун го немала видено два месеци.
„Поминав многу време грижејќи се дека ова ќе биде премногу. Не само што не изгледав како порано, туку имав и ограничени опции и ми требаше помош за сè. Бев загрижена дека тој нема да сака биди со мене повеќе.Кога се вратив на Исланд,беше прекрасен и полн со разбирање. Целосно докажа дека моите грижи се погрешни.Разбирам дека тоа е мојот ирационален страв и тој никогаш не покажа или направи нешто за да ме натера да верувам дека ќе замине“, раскажала искрено Солрун.


Враќање во нормален живот
Кога првпат се разбудила од кома, Солрун не сфатила колку се сериозни, тешки и големи изгорениците, иако и ги покривале лицето, рацете и нозете. Кога го видела нејзиното лице под завој, било прилично трауматично.
Секојдневието е тешко за Солрун, чии бели дробови биле тешко оштетени во пожарот. Солрун рекла дека има малку енергија.
„Ако еден ден одам во супермаркет, тој ден не можам многу повеќе. Можам да издишам само со 30-40 отсто од белите дробови, а често добивам бронхитис и пневмонија“, вели таа.
Солрун очекува и реконструктивна операција на лицето. Таа има проблеми со отворањето на устата бидејќи има толку многу лузни, па тие би морале да и ја прошират устата, како и да и го реконструираат носот.

View this post on Instagram

A post shared by Sólrún Alda Waldorff (@solrunalda)


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …