(ФОТО) Неволји во рајот: Почнале првите кавги на Александра и Филип!

„Се почнало кога се приближил настапот на сплавот. Иако некое време поради свадбата и големиот број на обврски не разговарале за тоа, Филип покажал желба на првиот настап после венчавката да се појави како Жовојиновиќ. Алексндр во прв момент мислела дека се шегува и се било симпатично, но Филип со денови продолжувал да ја спомнува својата желба – дека сака таа да настапува како негова сопруга и со неговото презиме, па пејачката сфатила дека работата е посериозн отколку што мислела“ рекол за Ало, извор близок до парот. Додал и дека Александра се плашела дека промената на презимето ќе ја одбие нејзината публика во странство.


„Искрено, секому кој има успешна кариера таквата одлука не би му паднала тешко. Разговарав со Филип за тоа и стопроцентно застнав на страната на Александра. Тоа е голема работа и тој можеби не е свесен колку тоа може да влијае на кариерата на неговата сопруг. Александра го обожува нивното презиме. Да не е така не би го ставила на денот на венчавката, но соработниците ја советувале добро да размисли дали ќе се согласи во најавите на концертите и настапите да биде Живојиновиќ. Поради тоа и малку се уплашила“, додал изворот и открил дека Филип со неколку сопственици на клубови веќе се договорил на плакатите и флаерите да го променат презимето на Александра во Живојиновиќ.


„Иако Александра рекла дека и треба време да размисли, Филип работите ги земал во свои раце и веќе го подготвил теренот. Со неколку сопственици и менаџери веќе направил флаери на кои наместо нејзиното моминско пишува Живојиновиќ. И самиот признал дека тоа е чудно, но се теши дека со тек на времето луѓето ќе се навикнат. Тој нема лоша намера и Александра ја сака повеќе од се, но сака таа гордо да го носи новото презиме и смета дека семејството треба да биде пред кариерата“, заклучил изворот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„LIVELYYY” – Дигиталната изложба по повод 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје

Денес во Ист Гејт Мол, со почеток во 12:00 часот, а по повод 50-годишнината од …