(ВИДЕО) Ед Ширен обвинет дека неговиот најголем хит е плагијат: Тоа би можело да го чини 100. милиони долари!

Компанијата Structured Asset Sales (SAS) која поседува дел од правата на песната на Марвин Геј од 1973. година сака да го тужи за дури 100. милиони долари
Британскиот пејач Ед Ширен (27) последните години скоро со секоја песна ги освојува врвовите на топ листите, а сега се чини дека би можел да има сериозен проблем поради еден од своите најголеми хитови.
Имено, неговата песна „Thinking Out Loud“ која е многу популарна и како звучна кулиса за првиот танц на свадбите, наводно е копија на класикот „Let’s Get It On“ која ја изведува Марвин Геј.


Тужбата ја покренала компанијата Structured Asset Sales (SAS) која поседува дел од правата на песната на Марвин Геј од 1973. година а сака да го тужи за дури 100. милиони долари.


Според правните документи кои се објавени во Њујорк, Ширен ги „копирал“ мелодијата, ритамот, хармониите, тапаните, рефренот, басот…
Засега Ширен не се огласил по ова обвинување.
Песната „Thinking Out Loud“ е објавена на неговиот албум „X“ кој е продаден во повеќе од 15. милиони примероци, а на ЈуТјуб песнта е преслушана повеќе од милијарда пати.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …