(ФОТО) Не се простиле – Весна Драгојевиќ проговорила за последните моменти на Оливер:„Како да се каже дека е крај, дека е се’ готово?“

Весна Драгојевиќ собрала сила и открила како Оливер Драгојевиќ се справувал со болеста, во последните денови на животот.
После долги девет месеци, колку што минале од смртта на легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ, неговата сопруга Весна одлучила да проговори за последната година и последните моменти кои ги минале заедно.


Весна во разговор за хрватска „Глорија’ се потсетила како изгледало нивното секојдневие откако Оливер се разболел.
„Додека состојбата не му се влоши, настојувавме да живееме како и пред болеста, колку што е тоа можно. Тој одржуваше проби, навечер би гледал телевизија, спорт, секој ден синовите доаѓаа на посета. Меѓутоа, откако првиот пат се врати од болница, некако стана тивок. Многу пати го имав фатено како замислено гледа пред себе. Зборот ‘смрт’ ниту еднаш не го изговоривме“, изјавила Весна за „Глорија.



И покрај најтажниот можен крај кој му се случил, Оливер добро „се носел“ со болеста.
„Оливер беше супер пациент. Првите месеци со својата дијагноза се справуваше подобро од мене. Беше полн со оптимизам и навистина веруваше дека ќе се извлече“, открила Весна.


За жал, состојбата на Оливер се влошила а Весна и тој не стасале ниту да се простат како маж и жена.
„Не знам како тоа би требало да изгледа. Како да се каже дека е крај, дека се’ е готово. Вечерта пред неговата смрт се поздравивме на ист начин како и секој пат во тие месец дена додека лежеше во болница. Го бакнав и му реков дека ќе се видиме утре, а тој само нежни климна со главата. И покрај неговата тешка состојба со ништо не можевме да наслутиме дека тоа е нашата последна средба, што подоцна ме мачеше бидејќи јас инаку сум многу интуитивна“, изјавила Весна.



Оливер Драгојевиќ почина на 71. година после тешка борба со свирепата болест. Проблемите со здравјето го погодиле во август 2017. година, кога било востановено дека е болен од карцином. Зад себе остави неизбришлива трага на регионалната музичка сцена која засекогаш ќе го памти како великан кој со своите песни одбележа животи на многумина.

Подготви: Г.О.
Фото: екран – архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …