(ФОТО) Ангелина Џоли се пишманила: Си го сака Бред назад!

Светските портали пишуваат за најновата желба на Ангелина Џоли…
Жената која поднесе барање за арзвод после две и пол години си го сака сопругот назад…
Иако документите за развод на бракот ги предале во септември 2016-та година, според пишувањето на The Sun, Ангелина Џоли сака повторно да го освои срцето на својот сопруг.Порталот наведува дека тоа е една од причините што убавата актерка толку го одолговлекува дефинитивниот развод на бракот. Ангелина, имено, на Бред јасно му дала до знаење дека сака да се смири со него.Џоли би сакала повторно да станат семејство, но Бред за тоа не сака ни да слушне и единствено му се важни неговите шест деца.


“Бред само сака се’ да се реши. Сето тоа можеше да биде готово и пред една година, но Ангелина го одолговлекуваше процесот”, рекол изворот.Минатата година Ангелина признала дека нејзиниот однос со Бред станал лош и тврдела дека се прилагодува на животот на слободна жена.


Актерката, потсетуваме, поднела барање за развод пред две години. Неколку седмици откако признале дека се разделуваат, Бред бил под истрага на ФБИ поради обвинение дека физички го злоставувал својот син Медокс. Подоцна тие обвиненија биле отфрлени.
Ангелина Џоли и Бред Пит имаат три биолошки деца – Шајло (12), близнаците Нокс и Вивијан (10), и три посвоени деца – Медокс (17), Пакс 915) и Захара (14).


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …