(ФОТО) НЕ И Е ЛЕСНО – УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ВО ДОМОТ НА ШЕРОН СТОН: Актерката е целосно скршена, неодамна почина нејзиниот ВНУК, а сега доживеала нов УДАР!

Холивудската актерка Шерон Стоун на Инстаграм објави дека нејзината мајка Дороти (88) доживеала мозочен удар, и ги замолила своите придружници да се молат за нејзиното здравје.


View this post on Instagram

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


Шерон Стоун деновиве ги обиколи европските градови и блескаше на гламурозни настани, но едвај чекаше да се врати кај семејството кое ја чекаше во Лос Анџелес. Покрај трите сина, со холивудската дива живеела и нејзината мајка Дороти. Но, следбениците на познатата актерка биле прилично загрижени бидејќи таа објави драматична вест на Инстаграм.
– Молете се за Дороти Мери Стоун, мајка ми, која синоќа имаше нов мозочен удар.
Мама Стоун, витална дама која има 88. години, пред неколку месеци завршила во болница поради здравствени проблеми, а Шерон не се одвојувала од неа. За среќа, се’ се завршило добро.


Таа ја напуштила клиниката ден пред да се појават мемоарите на ѕвездата од „Ниски страсти“ во книжарниците, а првиот, почесен примерок и припаднал на неа. Покрај Шерон, која најмногу личи на неа, Дороти има уште три деца: ќерката Кели и синовите Патрик и Мајкл.
Да потсетиме, семејството летово доживеа голема трагедија кога почина синот на Патрик, единаесетмесечниот Ривер.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …