(ВИДЕО+ФОТО) ВАЖАТ ЗА ЕДЕН ОД НАЈХАРМОНИЧНИТЕ ПАРОВИ – НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ СЕ РАЗВЕДУВА? Актерката е во брак со 10. години помладиот пејач, а ОВОЈ потег ЗБУНИЛ многумина, се огласила и нејзината мајка!

Актерката Пријанка Чопра победи на изборот за Мис на светот во 2000. година и беше прогласена за „најубава жена на светот“. После тоа, убавата Индијка стигна до листите на најсекси и најпосакувани дами на планетата.


View this post on Instagram

A post shared by Priyanka (@priyankachopra)


Од 2018. година е вљубена во 10. години помладиот Ник Џонас и отсекогаш важеле за еден од најхармоничните парови во јавниот свет. Меѓутоа, неодамна се појавија шпекулации дека се развеле, а за се е виновен потегот на актерката на социјалните мрежи.
Имено, Пријанка од сите свои сметки на социјалните мрежи го тргнала презимето „Џонас“, што ги навело фановите да заклучат дека разводот е во тек, особено затоа што Пријанка не дава никакво известување за овој потег.


На крајот реагирала и мајката на Пријанка која апелирала до луѓето „да не шират гласини кои не се вистинити“, пишува News18.com.
После тоа следел потегот на Пријанка. Имено, таа го коментирала видеото на Ник на Инстаграм. Некои беа разубедени од овој потег, други се уште мислат дека парот е пред развод.

Да потсетиме, Пријанка и Ник живеат во Лондон, но бидејќи и двајцата работат многу на различни проекти, често се разделени и живеат во различни делови на светот. Затоа го вовеле правилото каде и да се и на кој проект и да работат, мора да се гледаат на секои три недели.

Фото: Принтскрин/Instagram

Извор: News18.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …