(ФОТО) Научник направил експеримент и покажал зошто е важно да се носи маска за лице

Иако носењето на маските не е задолжително на сите затворени простори, има предности да се носат.
Многумина се скептични и не веруваат дека маските се ефикасна заштита од инфекција со вируси и бактерии, па научникот Рич Дејвис решил да покаже зошто се.
„Што прави маска? Ги блокира респираторните капки што доаѓаат од устата и грлото“, напишал тој на крајот од фотографиите, покажувајќи како бактериите се размножуваат ако кивате, пеете, зборувате или кашлате со маска а како кога тоа го правиет без неа.
Во првиот експеримент, тој покажал како бактериите се размножуваат ако кивате, пеете, разговарате или се закашлате двапати со маска и како без неа. Се покажало дека при носење на маската, скоро ниту една бактерија не стигнала до тест-површината, додека кога не ја носеле маската, тоа не било случај.


За вториот експеримент, го сторил истото, но го извршил експериментот на растојание од 60 см, 1,2 м и 1,8 метри.
„Јас истото го направив и без маска. Како што може да се види со бројот на бактериски колонии, капките претежно слетаа на површината за испитување на растојание од 1,8 m, но маската ги блокираше скоро сите“, додал овој микробиолог, чии фотографии станаа вирални веднаш по објавувањето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …