(ФОТО) Полнети модри патлиџани

Модрите патлиџани се оставен дел од летната кујна и секоја домаќинка си има по некој „таен рецепт“ на подготовка…Освен пржени многумина ги сакаат и полнети а денес ви донесуваме токму таков рецепт…
Состојки:
4 модри патлиџани, секој од по околу 250 г.
400 г мелено месо
200 г домати
200 г кромид
3 чена лук
200 г сирење за рендање (може и биено)
1 врзоп магдонос
100 г лебни трошки
100 мл маслиново масло
сол, црн пипер
Подготовка: исечкајте го кромидот и динстајте на 40 мл маслиново масло, на ниска температура. Во друго тавче на 40 мл масло пропржете го месото, одвојувајте со дрвената лажица да нема грутки, додајте го сечканиот лук и поврзете со кромидот.
Доматите на врвот исечете ги на крст и ставете во врела вода, бланширајте 1 – 2 минути, излупете, исечкајте на коцки, насолете и динстајте уште само 5 минути, па оставете на страна да се изладат.Во изладените домати вмешајте ги лебните трошки.
Модрите патлиџани убаво измијте ги и исечете на 5 – 6 кришки, но не до крај, ставете ги во намрсена тава за печење, помеѓу кришките ставете од филот (месото и доматите), наросете со рендано сирење и печете десетина минути во рерна загреана на 180 степени.
Пред послужување наросете со сечкан магдонос.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот апостол Акила

Светиот апостол Акила Еден од Седумдесеттемина апостоли. Како Евреин живееше најнапред во Италија со жена …