(Рецепт) ОМИЛЕН ЛЕТЕН ТРИК – ЖОЛТИТЕ ФЛЕКИ ОД ПОТ ИСЧЕЗНУВААТ БЕЗ МАКА: Жена открила луда комбинација која ја спасува белата облека!

Конечно можете да се опуштите во омилените летни парчиња без да размислите што ќе затекнете кога ќе ги соблечете…
Многу се потиме во текот на летото, а тоа може да биде вистинска катастрофа за облеката. Белите маици, фустани и кошули се особено критични кога комбинацијата на пот и дезодоранс предизвикува жолти дамки во пределот на пазувите.
Но, една жена го решила проблемот со совршена мешавина на состојки. Пишувајќи на блогот „One Good Thing“, таа го споделила својот трик за лесно отстранување на тврдоглавите дамки од пот.

Спасоносно решение за лето
Убиствената комбинација против жолти дамки се состои од детергент за миење садови, сода бикарбона, хидроген пероксид и четка за облека, а може да се користи и четка за заби. Во еден сад измешајте го детергентот за миење садови и хидроген пероксид, во сооднос 1:2.
Откако добро ќе го измешате ова, нанесете на жолтите дамки на облеката. Посипете ги натопените делови со сода бикарбона и потоа добро испрскајте сè. По четкањето, оставете ја облеката да стои еден час, а потоа исперете ја на вообичаен начин.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …