(ФОТО) На веб-страницата на Белата куќа се појавила скриена порака: „Ако го читате ова …“

Скриена порака на новата веб-страница на Претседателот Џо Бајден во Белата куќа станала вирална на социјалните мрежи…
Само неколку часа откако Доналд Трамп ја напушти Белата куќа, луѓето забележаа порака скриена во HTML.
Веб-страницата се ажурирала додека новиот претседател и се обратил на нацијата.
На љубителите ан технологијата не им требало долго да го забележат скриениот додаток закопан во HTML-кодот, каде што од експертите за технологија се бара да се јават.

„Ако го читате ова, потребна ни е вашата помош за да се подобриме. Https://usds.gov/apply“, е порака со која ги повикува луѓето да се приклучат на дигиталната служба на САД, технолошка единица во Белата куќа.


Поранешниот претседател Барак Обама започна технолошки тим во 2014. година за да ангажира експерти кои ќе помогнат во преуредувањето на владините служби.
Апелот стана вирален на социјалните мрежи – што може да ја негира поентата на скриената порака.

Фото: Скриншот/whitehouse.gov

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворање на изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“

Вечерва со почеток во 20:00 часот во галеријата Империјал 1 во Културно Информативниот Центар во …