(ФОТО) Меланија Трамп на Флорида пристигнала во фустан од 3600 долари

Доналд и Меланија Трамп пристигнаа во Флорида откако ја напуштија Белата куќа, а Меланија беше фотографирана во елегантен креп фустан во светли бои на модната марка Гучи веднаш по излегувањето од авионот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by MELANIA TRUMP WORLD (@melaniatrumpworld)


Фустанот бил инспириран од модата од 1960-тите и има портокалови и темносини бои со шестоаголна шема. Може да се купи преку Интернет за неверојатни 3.600 американски долари.


 

Меланија реши да дојде на Флорида во малку поудобни чевли, па потпетиците ги заменилка со син пар чевли со рамни петици од модната марка Roger Vivier. Тие се дизајнирани со тока и зашилен врв, а нивната цена е помеѓу 625 и 673 долари.

Поранешната прва дама на САД во оваа модна комбинација изгледаше поживо отколку во Вашингтон кога ја напушти Белата куќа. Меланија тогаш, пред фотографите, се појави облечена во црно и со големи очила за сонце на лицето.

„Да се ​​биде твоја прва дама беше моја најголема чест. Ви благодарам за вашата љубов и поддршка. Ќе бидете во моите мисли и молитви. Бог да ве благослови, Бог да ги благослови вашите семејства и Бог да го благослови овој прекрасен народ”, рече таа.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него

Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него Во Витинија Азиска некој кнез …