(ФОТО) На Ване Маркоски „му пукна филмот“: Остро кон државната администрација – „Кај ќе ви оди душата?!“

Го гледаме секој работен ден на Канал 5 како разговара со познати македонски личности, од сите сфери, или следи како искусни домаќинки ги подготвуваат своите специјалитети…И’, најчесто е насмеан, ведар, расположен…
Ване Маркоски често знае да сподели некое свое патешествие – без оглед дали е за викенд, некоја интересна прошетка или авантура бидејќи е симпатизер на „опасните спортови“…Но, никогаш не би помислиле дека токму тој, оној нашиот Ване Маркоски, секогаш со насмевка, така ќе ја искритикува државната администрација. Очигледно дека нешто МНОГУ го изнервирало, погледнете…
„Затоа што од двете партии сте испопикани по администрација и затоа што играте пазар со човечки судбини за работно време, затоа што си се докажувате кој на кого повеќе може да наштети, а во меѓувреме документи од луѓе дремат по шкафчиња, нечепнати, е затоа народот бега од тука, бидејќи поради вашата борба кој на кого меѓу себе да си наштети, луѓе немаат леб да јадат и не знаат како до утре ќе се снајдат.
Разликата е голема.
Некој се бори да преживее.
Некој се бори да се докажува кој на кого повеќе може да наштети, додека луѓе страдаат.
Кај ќе ви иде душата?“, напиша Ване вчера на својот прогил на Фејсбук.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …