Голем број на познати личности покажаа дека родителството, како и љубовта, не знае за години, а меѓу нив апсолутен носител на рекордот е актерот Звонимир Рогоз, кој за прв пат станал татко во 92 година.
Според хрватските чаршиски муабети, додека Звонимир бил сè уште жив, се шпекулирало дека тој всушност не бил биолошкиот татко на детето родено од неговата 56-години помлада сопруга Агата, но таа упорно тврдела дека озборувањата се пласираат од љубоморните екс-љубовници на актерот кој важел за еден од најголемите заводници.
На списокот на мажи кои доцна добиле дете се нашле и бројни други пејачи и актери, како од овој регион, така и од целиот свет.
Така, пејачот Здравко Чолиќ се ожени, но и стана родител, дури откако наполни педесет години.
Во 2001 година, тој и неговата сопруга Александра ја добија ќерката Уна, а пет години подоцна, нивното семејство стана побогато и за Лара.
Музичарот Жељко Бебек, исто така, доцна станал татко. Тој го доби својот син Звонимир во доцните педесетти а неговата ќерка Кеатарина во 61. година.
Владо Калембер, фронтменот на југословенскиот бенд „Сребрени крилја“, стана татко на момчето Даријан на 53-годишна возраст. Денес, 11-годишно момче е единственото дете што го има од бракот со виолончелистката Ана Рухнер, од која се разведе.
Страни: 1 2