Полни, патувај и добивај! Нова атрактивна наградна игра од ЛУКОИЛ и можност за освојување на автомобил!

Сите ние уживаме во патувањата и во освојувањето на нови дестинации со нашиот автомобил, а сега патувањата и полнењето гориво добиваат уште поубава димензија. Под името „Полни, патувај и добивај“ ЛУКОИЛ Македонија ја започна новата наградна играво која како главната награда може да се освои атрактивната ŠKODA KAROQ.

Правилата на игра се едноставни и лесни за следење. За учество за една од вредните награди потрошувачите потребно е да направат сметка од минимум 1.000 денари за наточено гориво или за кои било производи купени на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија и да испратат СМС порака со бројот на фискалната сметка на телефонскиот број 149499. Наградната игра и можноста за освојување на една од вредните награди трае до крајот на годината односно сѐ до 30.12.2019 г.


Покрај главната награда ŠKODA KAROQ, верните клиенти на ЛУКОИЛ Македонијаимаат можност да станат еден од потенцијалните добитници и на многу други атрактивни награди, како кровни куфери за автомобил, ваучери за пневматици во вредност од 12.000 ден., таблетиSamsungGalaxy, ваучери за спортска облека од 3.000 ден., ваучери за гориво од ЛУКОИЛ Македонија од 2.000 ден., смарт часовници и ЛУКОИЛ масла.


„Како компанија отсекогаш сме биле ориентирани кон врвно корисничко искуство, па така традиционалното организирање наградни игри е токму со цел да им овозможиме на нашите лојални потрошувачи и дополнителни вредни изненадувања за користењето на услугите и производите на ЛУКОИЛ. Нашата мисија впрочем е насочена кон континуирано зголемување на квалитетот на животот на клиентите, секојдневно подобрувајќи ги нашите услуги, па оттука, силно верувам дека сѐ што правиме е препознаено токму во насока на градење квалитетни и долгорочни врски со нашите потрошувачи, па така ќе биде и со оваа наградна игра. Со среќа на сите корисници, искрено им посакувам да станат еден од потенцијалните добитници“,изјави Андреј М. Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

Инаку, извлекувањата ќе се вршат 7 недели последователно, односно секој понеделник ќе биде резервиран за носење радост за дваесетина лојални корисници на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија. Секој понеделник, во игра ќе бидат СМС пораките испратени од претходната недела, а добитниците на наградите од секое коло ќе бидат објавени во рок од 3 дена од извлекувањето, на интернет-страницата www.lukoil.com.mk.


Важна напомена за сите корисници е да ја чуваат оригиналната фискална сметка со која учествуваат во наградната игра како доказ за користењето и купувањето од која било 31-набензинскaстаницa на ЛУКОИЛ на територијата на Македонија.

Среќно!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …