Кога неговата поранешна сопруга Оријан Циви, со која ја обнови својата љубов, му рекла дека оди на службено патување, славниот музичар Фил Колинс немал поим дека таа всушност ќе се омажи за друг маж.
Оријан (46) отишла од нивниот дом во Мајами во Лас Вегас, каде наводно му рекла судбоносно „да“ на Томас Бејтс. Според ТМЗ, тоа било пред два месеци, а откако открил што сторила Оријан, Фил се обидел да ја присили да се исели од нивната вила. Бидејќи разговорите не вродиле со плод, Колинс планира да покрене тужба против неговата поранешна сопруга.
Таа, пак, се заканува дека ќе открие „потенцијално срамни“ работи за познатиот музичар.
Зад парот стои долга и комплицирана љубовна приказна, а во бракот што го завршија, тие имаа два сина, 19-годишниот Николас и 15-годишниот Метју.
Тие се запознале во 1994. година во Швајцарија кога тој дошол на турнеја, а се венчале пет години подоцна. Тие се развеле во 2008. година, за да после шест години ја обноват својата љубовна врска.
“Се смирив со мојата трета сопруга, досега не разговарав за тоа. Бевме заедно некое време, никој не го сфати тоа”, изјави тогаш Колинс за Билборд.
Двојката, која се разведе уште во 2008. година и толку години подоцна не може да најде заеднички јазик, и покрај тоа што пејачот и платил 46. милиони долари за развод. Родителите на двата сина дури се обиделе и да се смират во 2016. година, откако Оријана Циви се развела од Чарлс Меџати, за да се омажи за друг маж, Томас Бејтс во Лас Вегас.
Интересно, таа со ниту еден збор не му дала на Колинс на знаење за тоа што се случува. Всушност, таа му рекла дека ќе оди на службено патување.