(ВИДЕО) Роберт Патисон повторно на сетот на „Бетмен“: Негативен на корона

Актерот Роберт Патисон, кој неодамна доби позитивен резултат за коронавирус, се врати на сетот и го продолжи снимањето на „Бетмен“.
Американските медиуми наведуваат дека тој бил виден за прв пат по изолацијата рано утрово, додека ја снимал погребната сцена.
Да потсетиме, Патисон беше позитивен на коронавирус на 4. септември, поради што снимањето веднаш беше прекинато.
„Член на филмската екипа на ‘The Betman’ беше тестиран и позитивен на Ковид 19 и беше изолиран со утврден протокол. Снимањето на филмот е привремено паузирано“, беше речено во тоа време од продукцијата на „Ворнер Брос“.
Ова не беше прв пат да се прекине снимањето. Уште во март, кога беше прогласена вонредна состојба, камерите се исклучија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …