(ФОТО) Мислат дека е „спонзоруша“ затоа што е во врска со дебел човек: „Ги сакаш неговите пари!“

„Сите се обидуваа да ме одвлечат од идејата да се омажам за него, семејството беше силно против тоа, но знам што сака моето срце. Луѓето мислат дека јас сум спонзоруша и дека Џорџ сигурно има многу пари кога сум со него, што не е точно. Луѓето ми пишуваат дека им е ‘грдо да не гледаат’, но никој не ги тера да ги гледаат нашите социјални мрежи“
Сиена Кира (27) од Австралија и Џорџ Кивуд (28) од Англија се во врска која со месеци ја интригира јавноста.
Иако на фотографиите на социјалните мрежи Сиена и Џорџ изгледаат среќни заедно со синот Оливер, многумина веруваат дека таа е со него само за добробит.
Имено, Сиена е со помала градба, додека нејзиниот партнер има вишок килограми, а многумина веруваат дека оваа жена е спонзоруша и дека некогаш ќе го напушти.
Сиена, пак, вели дека Џорџ е мажот од нејзините соништа и дека отсекогаш сакала покрупни мажи.
„Се запознавме преку Инстаграм, се допишувавме малку, можеби околу шест месеци, а потоа почнавме да се забавуваме и се преселив од Австралија. Тоа е кратка верзија на приказната“, рекла таа.

This image has an empty alt attribute; its file name is osudena-ljubov-1-822x1024.jpg


Семејството било против нивната љубов
Иако Џорџ се покажал како вистинскиот маж за неа, овој млад пар ја немал поддршката од луѓето кои им се најважни.
„Сите се обидуваа да ме одвлечат од идејата да се омажам за него, семејството беше силно против тоа, но знам што сака моето срце. Луѓето мислат дека јас сум спонзоруша и дека Џорџ сигурно има многу пари кога сум со него, што не е точно. Луѓето ми пишуваат дека им е ‘грдо да не гледаат’, но никој не ги тера да ги гледаат нашите социјални мрежи“, вели таа.
На социјалната мрежа TikTok оваа млада брачна двојка има повеќе од 72.000 следбеници кои во повеќето случаи ги коментираат негативно.
„Зошто не признаеш дека не го сакаш него туку неговите пари. Повеќе би разбрал дека си спонзоруша отколку дека си со него од љубов“, гласел еден од коментарите, а друг додал:
„Да ги објавивте само вашите фотографии, можеби ќе ве следам, но навистина не можам да ве гледам заедно“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …