(ФОТО) Меган Маркл во бременоста паузира од штиклите: Нејзините балетанки се хит

После некое време се преоубила во најомразените обувки, за стилистите. Со тоа Меган повторно ги променила кралските правила бидејќи членките на кралското семејство, на службени настани, ретко носат рамни чевли…


Додека војвотката Кејт Мидлтон (36) и’ во третото тромесечје носела штикли, Меган Маркл (37) веќе во 12. недела на бременост се одлучила за поудобни чевли.
На меѓународната турнеја по Австралија, каде отишла со сопругиот, принцот Хари (34), одењето во чевли со високи потпетици ја изморило. После некое време новопечената војвотка се преобула во балетанки – најомразените чевли за стилистите.


Со тоа Меган повторно ги изменила кралските правила, бидејќи членките на кралското семејство на официјални настани не носат рамни чевли. На црните балетанки на марката „Ротис“ кои се продаваат за 125. долари, набргу им пораснала продажбата.
На првиот ден на нивната меѓународна турнеја во рамките на која ги посетиле Австралија, Фиџи, Тонго и Нов Зеланд, Меган ја носела креацијата на дизајнерката Карен Ги чија цена е околу 1.800 австралиски долари.


Откако се појавиле фотографиите на војвотката во белиот фустан во кој и се наѕирало трудничкото стомаче, веб страницата на дизајнерката „паднала“ бидејќи сите сакале себе да си ја дозволат токму таа комбинација. Меган фустанот го искомбинирала со салонки на Стјуарт Визман.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …