(ФОТО) Освежено студио и „Харе бенд“:Во недела започнува 10. сезона на „Еден на еден“

Во освежено студио, со нова музичка поддршка од фантастичниот „Харе бенд“, со многу ентузијазам и идеи за следните триесетина епизоди, тимот на Жарко Димитриоски го започна снимањето на првите епизоди…


Емисијата „Еден на еден“ ја почнува својата 10 сезона. Од студиото со црни завеси во А2 и еден навидум обичен тв- проект осмислен од Жарко Димитриоски, „Еден на Еден“ денеска е супербренд и единственото вечерно телевизиско шоу кое една деценија успешно опстојува во македонскиот етер.

Преку А1, МКЦ , Алфа, Телма и Канал 5, со преку 230 епизоди и 300 гостувања на домашни и странски ѕвезди, јавни и нејавни личности, со многу скечеви, смеење, музика и илјадници минути на квалитетно исполнет контент, „Еден на еден“ ја започнува и следната приказна наречена сезона 10.


Во освежено студио, со нова музичка поддршка од фантастичниот „Харе бенд“, со многу ентузијазам и идеи за следните триесетина епизоди, тимот на Жарко Димитриоски го започна снимањето на првите епизоди.

„Како што е редот, почнуваме со легендарниот Гоце Тодоровски и со посебен поздрав до човекот со кого се уште растат генерации – Ванчо Петрушевски. Се дружевме и со новиот музички хит, дечките од „Дупер“ и не заборавивме на крај и самите да запееме нешто“, велат од „Еден на еден“.
И оваа година следете ја „Еден на Еден“ секоја недела. Стартот е на 21 октомври од 18:30 часот на Канал 5.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …