(ФОТО) На Балканот пристигнува леден арктички бран: Следната недела се очекува голема промена промена на времето – Еве што не чека!

Многу студената воздушна маса ќе го продолжи движењето многу брзо кон југ и веројатно до петок наутро ќе допре до северозападот на Турција…

По долготрајното и невообичаено топло време во голем дел од Европа, следата недела доаѓаат големи промени во времето.
Имено, метеоролошкиот портал “Severe Weather Europe” објавил дека кон средината на следната недела, според податоците на достапните модели, речиси цела Европа ќе биде погодена од силен арктички бран, со што ќе заврши необично топлото време во октомври.
“Студениот бран лесно би можел да донесе снег и во пониските предели”, се наведува на порталот.


Како што наведуваат, времето ќе почне да се менува веќе од почетокот на следната недела на подрачјето на Скандинавија, а потоа ќе тргне кон источна Европа и Балканскиот полуостров.
Силниот студен бран ќе доминира во четврток во источна Европа и на Балканскиот полуостров, додека ќе слабее над западна Европа.


“Многу студената воздушна маса ќе го продолжи движењето многу брзо кон југ и веројатно до петок наутро ќе допре до северозападот на Турција”, наведува “Severe Weather Europe”.
Во сабота бранот ќе слабее над источна Европа, но ќе се врати во југоисточниот Медитеран и ќе донесе тешки временски услови на подрачјето на Блискиот исток.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …