Медицинската сестра, Алесиа Бонари, од Милано, на Инстаграм објавила селфи на кое на нејзиното лице се гледаат лузни од носењето заштитни маски.
23. годишната Бонари работи во болницата „Гросето“ во Милано.
„Јас сум медицинска сестра и моментално се соочувам со оваа итна медицинска ситуација. И’ јас се плашам, но не се плашам да одам во продавница, се плашам да одам на работа. Се плашам дека можеби маската не ми е добро зацврстена на лицето, се плашам дека можеби со валкани ракавици случајно сум се допрела или дека можеби заштитните очила не ми ги покриваат доволно очите и дека нешто поминало. Физички сум исцрпена бидејќи апаратите за заштита се лоши, под лабораториското одело се потам и кога еднаш ќе го облечам, шест часа не можам да одам во веце или да пијам. Психички сум исцрпена, како и сите мои колеги кои со недели се во истата состојба како мене, но тоа нема да ме спречи да ја работам мојата работа, како и секогаш“, напишала.
„И понатаму ќе се грижам за моите пациенти бидејќи си ја сакам мојата работа. Она што го молам секого кој го чита ова е да не го понижуваат нашиот труд, да бидат несебични, да остане во својот дом и така да ги заштити оние кои се најранливи. Ние младите не сме имуни на короновирусот, и ние можеме да се разболиме или нешто полошо од тоа. Јас не можам да си го дозволам карантинот во домашни услови, јас морам да одам на работа и да ја одработам мојата работа. Вие одрабоетет си ја својата, ве молам“, им порачала таа на сите.
Нејзината објава ја лајкнале повеќе од 600.000 луѓе.
Цела Италија поради коронавирусот станала црвена зона. Забранети се и јавни собири ширум земјата, а движењето на луѓето е ограничено. Станува збор за 60. милиони луѓе.