(ФОТО) Мајка предупредила за омилената ужина на децата: „Не ги давајте на деца под пет години“

За да ги спречи другите деца да го искусат она што го доживува нејзиниот син, Лакин Докерс ја споделила својата приказна на страницата за образование на Tiny Hearts, која има за цел да ги едуцира родителите за прва помош и несреќи што може да му се случат секому.
„Моите лоши избори можеби ќе можат да го спасат вашето дете од страшно искуство како ова“, напишала Лакин во воведот, објаснувајќи дека посетила забавен парк со нејзиниот сопруг и синот. Купиле пуканки и момчето ги јадело додека не дошло време за возење. Мајка му му ја извадила кофата со пуканки од рацете, а тој се расплакал и вдишал пуканка.
„Таа му отиде до грлото. Тој плачеше и кашлаше некое време. По околу 15 .минути бев загрижена бидејќи се уште беше јасно дека му пречи. Слушнав дека неправилно дише. Се свртев кон персоналот на брзата помош, знаејќи дека нешто не е во ред. Неговото ниво на кислород беше нормално, но тие го препознаа звукот на пискање и се јавија во болница“, објаснила таа.
Момчето било детално прегледано а лекарите заклучиле дека пуканките најверојатно му го изгребале грлото што предизвикало непријатност и отежнато дишење. Колку подолго седеле и чекале, момчето изгледало подобро.

„Се забавувавме неколку часа во Дизниленд, тој беше одлично расположен, но заспа во количката. Се вознемири па го кренав и забележав дека тешко дише. И се јавив на семејната докторка која ме упати да се јавам на итната помош.Тој дишеше се послабо и веднаш беше приклучен на кислород.Во 1 часот по полноќ заврши на итна операција“, тврди мајката.
Според неа, остатоците од пуканки му се заглавиле во двете бели дробови на момчето и ги затнале дишните патишта. Дури откако разговарале со хирургот сфатиле колку е сериозна ситуацијата.
„Тој јасно ни стави до знаење дека нашиот син можеби нема да ја преживее операцијата поради ниските нивоа на кислород. Можевме само да се молиме“, се сеќава таа.
Момчето сега се опоравува на одделот за интензивна нега.
„Хирургот ни кажа дека многу деца во вакви ситуации умираат пред да дојдат до него. Не им давајте јатки, пуканки, грозје и суво грозје на деца помлади од пет години“, предупредила таа.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …