(ВИДЕО+ФОТО) Русите побрзале во Мекдоналдс пред да затворат, се шират снимки од колони автомобили

Русите побрзаа во Мекдоналдс синоќа откако компанијата објави дека се повлекува од Русија.
На социјалните мрежи се проширија снимки од колони автомобили пред продавниците на руски Мекдоналдс, како и фотографии од редови луѓе кои чекаат на студ „да фатат“ Биг Мек додека можат.


Мекдоналдс вчера објави дека привремено ги затвора сите 847. ресторани во Русија како одговор на руската инвазија на Украина. Извршниот директор Крис Кемпчински рекол дека синџирот ќе го паузира работењето во Русија, но ќе продолжи да ги плаќа своите руски вработени, а непрофитната организација „Роналд Мекдоналд Хаус“ ќе продолжи да работи.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …