(ФОТО) Едногодишно момче со синдром на коса што не се чешла станал хит на Инстаграм

КЕЈТЛИН СЕМПЛС од Џорџија објавила фотографија од својот најмлад син Локлан Семплс на Инстаграм минатото лето. Момчето го привлекло вниманието на многумина со својата коса, а една од придружничките и испрати порака на Кејтилин во која ја прашала дали на нејзиниот син му бил дијагностициран синдром на коса што не се чешла.

Кејтилин се загрижила поради тоа и отишла со својот син кај дерматолог кој му дијагностицирал синдром на коса што не се чешла. Имено, овој синдром е резултат на наследување на две копии на генетска мутација – по една од секој родител – која го менува обликот на коренот на косата.
Резултатот е многу тенка коса која „лебди“ околу целата глава. Во светот се пријавени само околу 100. случаи на оваа болест, а состојбата на косата обично се подобрува во раниот пубертет.



33-годишната мајка совет и искуства за овој синдром побарала и на социјалните мрежи. На крајот отворила профил на Инстаграм каде објавува фотографии од нејзиниот син. Едногодишниот Локлан набрзо станал хит на социјалната мрежа, а многу следбеници му пишуваат дека е многу сладок со ваква коса.

“Многумина се исклучително љубезни. Луѓето често бараат да се фотографираат со Локлан. Не ми пречи тоа, се додека тој е среќен”, изјавила Кејтилин за The Guardian.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …