Починала американската актерка Линда Барон

Познатата американска актерка Линда Барон починала на 82-годишна возраст.
Актерката е најпозната по ситкомот на БиБиСи „Open All Hours“, каде глумеше со Сер Дејвид Џејсон и Рони Баркер како медицинската сестра Гледис Емануел во хит-програмата, која се емитуваше четири сезони почнувајќи од 1976. година.

This image has an empty alt attribute; its file name is linda-baron-vo-serijata.jpg
Во изјава за новинската агенција PA, нејзината агентка Дона Френч, која со актерката работи речиси 30. години, рекла:


This image has an empty alt attribute; its file name is linda-baron.jpg
„Со голема тага објавуваме дека нашата сакана клиентка Линда Барон почина. Таа беше прекрасна актерка и одлична пријателка. Нејзините култни улоги како медицинската сестра Гледис во Open All Hours и тетка Мејбел во Go Out беа сакани од сите генерации. Позната по нејзините водечки улоги во мјузиклите на Вест Енд и драмските продукции, ја изгубивме главната светлина на нашиот свет“.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …