(ФОТО) Лејди Гага повторно откажа турнеја поради болест:„Скршена сум!“

Гага во рамките на турнејата Joanne требало да настапува во Велика Британија, Швајцарија, Германија, Шведска, Данска и Франција, но остатокот од турнејата е откажан поради болките кои ги трпи…
Пејачката Лејди Гага поради „тешки болки“ го откажала остатокот од турнејата, се наведува во изјавата на организаторот на турнејата.
„За жал Лејди Гага страда од тешки болки поради кои не може да настапи“ стои во објаснувањето, а објавил Live Nation.
„Толку сум скршена, не знам како тоа да го опишам“ рекла Гага во изјава објавена на Твитер.
„Мојот лекарски тим ја поддржува одлуката да останам дома“ додала 31. годишната пејачка.
Гага во рамките на турнејата Joanne требало да настапува во Велика Британија, Швајцарија, Германија, Шведска, Данска и Франција.
„Морам себе и своето здравје да се ставам на прво место“ рекла. На оние кои купиле влезници ќе им бидат вратени парите, а Лејди Гага се надева на што поскоро опоравување и настапи во градовите во кои концертите биле откажани.
Во септември Гага била хоспитализирана поради јаки болки и го откажала настапот во Рио де Жанеиро.
Пејачката рекла дека страда од фибромијалгија, хронична болест која предизвикува болки во целото тело.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …