(ФОТО) КРИС Еванс (41) има нова љубов во животот. Имено, тој повеќе од една година е во врска со португалската актерка Алба Баптиста

Тие се вљубени и Крис никогаш не бил посреќен. Неговото семејство и пријателите ја обожаваат – изјавил за People извор близок на актерот.
Алба (25) глумеше во филмот „Mrs. Harris Goes to Paris“, а минатата година ја доби наградата Shooting Star на Берлинскиот филмски фестивал.
Оваа недела, Еванс беше прогласен за најзгоден маж во 2022 година.
-Мајка ми ќе биде пресреќна. Таа е горда на се што правам, но ова е нешто со што навистина може да се пофали. Ова е апсолутно нешто што го сакам: жена, деца, градење семејство. Кога читате за повеќето од најдобрите уметници, без разлика дали се актери, сликари, писатели, повеќето од нив признаваат дека не се најгорди на работата што ја направиле, туку на односите; создадоа семејства и љубовта што ја најдоа и ја споделија“, рекол тој.

View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)


Кога станува збор за неговиот љубовен живот, долго време се шпекулираше дека е во врска со пејачката Селена Гомез. Во 2020 година американските медиуми го поврзаа со актерката Лили Џејмс откако папараците неколку пати ги фотографирале заедно. Но, тие никогаш не ги коментираа овие тврдења или фотографии. Еванс исто така беше во врска со колешката Џени Слејт една година.


View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)


Пред да почне да се гледа со Џени, папараците го фотографирале на вечера со Лили Колинс, а наводно се гледал и со својата славна симпатија, Сандра Булок, во 2014 година.
Од 2012. до 2014. година бил во врска со актерката Минка Кели, а во 2011. година Дијана Агрон наводно му го освоила срцето. Во 2007, година се нашла и Кристина Ричи, со која прошета на црвениот тепих на Мет Гала по само неколку месеци врска. Но, сепак, врската на актерот која добро ја пренесоа медиумите беше онаа со Џесика Бил. Тие беа заедно од 2001. до 2006. година, па дури и размислувале за брак. Во далечната 2000. година, тој наводно се забавувал со Кејт Босворт откако се запознале на снимањето на „The Newcomers“, но врската останала само „гласина“.
Актерот за кој многу жени фантазираат дури успеа да го урне интернетот во 2020 година. Случајно ги објави своите разголени фотографии на Инстаграм. Тој брзо ја избриша објавата, но фановите веќе направија копии и почнаа да ги споделуваат. Обожавателите биле воодушевени. Кога американските медиуми побарале коментар од Крис, тој тоа го претворил во шега.

View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)

– Дали се случи нешто викендов? Видете, тоа беше интересен викенд полн со научени лекции, многу моменти за учење. Знаете, вакви работи се случуваат, тоа е непријатно, но мора да се навикнете на ударите. Ќе кажам дека имам прилично фантастични фанови кои ме поддржаа и тоа е многу, многу убаво – објаснил Еванс.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …